Милош Теодосиќ останува во Италија?

Милош Теодосиќ и Виртус Болоња ја немаат завршено соработката, пренесуваат италијанските медиуми. Српскиот кошаркарски ас и овогодинешниот вицешампион на Италија се во интерни преговори за продолжување на договорот на уште една сезона.

Триесетишестгодишниот Србин кој не ја крие желбата да го облече дресот на Црвена Звезда ова лето се поврзуваше со камбек во Белград, но со оглед на неизвесноста за настап во Евролигата во сезонта која следи, неизвесен е и трансферот на Теодосиќ во „црвено-белите“ редови.

Теодосиќ кариерата ја започна во ФМП, а броеше и настапи за Олимпијакос и ЦСКА Москва со која ја освои и евролигашката титула во 2016 година. Потоа следеше преселба во Лос Анџелес Клиперс, а по две години во НБА се врати во Европа во дресот на „црно-белите“ од Болоња.

Се вчитува...