Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров ќе биде дел од Куќата на славните на ЕХФ, која Европската ракометна федерација вечерва на свечена манифестација ќе ја отвори во чест на јубилејниот 30-ти роденден.
Лазаров е меѓу првите триестмина ракометари кои ќе влезат во Куќата на славните и воедно единствен Македонец на оваа листа. Сепак на неа има и ракометари кои во минатото настапуваа на терените во Македонија како Арпад Штербик.
Покрај екс голманот на Вардар на листата се и: Тиери Омејер, Ивано Балиќ, Драган Шкрбиќ, Момир Илиќ, Даниел Нарцис, Штефан Кречмар, Гудјор Валур Сигурдсон, Филип Јиха, Виктор Томас, Магнус Висландер, Вид Кавтичник, Талант Душебајев…
Во женската конкуренција во Куќата на славните меѓу останатите ќе влезат и македонската снаа која три години настапуваше за Кометал ЃП, Едуарда-Аморим Талеска како и Ања Алтхаус која настапуваше за ЖРК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА