„Лери Бирд да играше кошарка во денешно време ќе играше некаде во Европа“

Легендарниот НБА кошаркар Денис Родман ја спореди денешната кошарката со таа во неговото време и дојде до заклучок дека тогашните кошаркари нема да можат да им парираат на денешните.

Како пример го издвои Лери Бирд за кој вели дека местото ќе му било во Европа, а имаше и пофални зборови за Никола Јокиќ.

„Лери Бирд да играше во денешно време ќе играше некаде во Европа. Неговиот стил на игра му одговараше на Бостон во осумдесеттите. Не го потценувам, нималку, тој беше одличен кошаркар во своето време, како што бев и јас. Но, денеска е друго време.

Боже колку е споро момчето од Денвер, но мислам дека е далеку подобар од Бирд доколку ја гледаме денешната кошарка“, вели петкратниот освојувач на прстенот.

Се вчитува...