Манчестер Јунајтед е во потрага по нов голман, а изборот на Ерик тен Хаг паднал на Андре Онана, пренесуваат италијанските медиуми. За камерунскиот чувар на мрежата на Интер „црвените ѓаволи“ се подготвени да издвојат до 50 милиони евра и наскоро се очекува официјална понуда.
Истите „нероаѕурите“ ќе ги искористат за трансфер на Ромелу Лукаку чиј договор за позајмица истече со крајот на сезоната, а овој трансфер воедно ќе претставува и добра заработка за италијанскиот клуб со оглед на тоа што не издвои средства за ангажман на сега 27-годишнот голман.
🚨 Manchester United are planning a €50m offer for Andre Onana this week.
(Source: @Gazzetta_it) pic.twitter.com/Jw1Q3N2JK0
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 26, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА