Сребро за Дејан Георгиевски на Европските игри

Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал на Европските игри во Краков, Полска во категоријата над 87 килограми. Македонецот во финалето се сретна со Британецот Луис Канингем кој славеше со 2-0.

На патот до сребрениот медал Георгиевски славеше со 2-0 против Италијанецот Матија Молин, 2-1 против Украинецот Андри Харбар и 2-0 против Шпанецот Иван Гарсија Мартинез, носејќи медал за Македонија меѓу 24-те држави освојувачи.

Бронзениот медал му припадна на Хрватот Пашко Божиќ.

Се вчитува...