Претседателот на АТП Андреа Гауденци беше реизбран по втор пат и останува на чело на тоа тело за периодот од 2024 до 2026 година.
Гауденци го претстави амбициозниот стратешки план на „OneVision“ за револуција во спортот по преземањето во 2020 година, но пандемијата од Ковид-19 донесе големи проблеми.
АТП рече дека во првата фаза, која стапи на сила во 2023 година, веќе го генерирала најголемото едногодишно зголемување на заработките за играчи во својата историја и достигнување до 37,5 милиони долари од година во година за АТП турнејата.
„Горд сум на сè што постигнавме од 2020 година, за време на особено предизвикувачки период за светот. Како што влегуваме во втората фаза од нашата стратегија, убеден сум повеќе од кога било дека нашиот спорт има голема предност и дека сме добро позиционирани да ги искористиме предностите на дигиталната ера“, изјави Гауденци.
Гауденци исто така беше клучен во создавањето на „Работната група Т7“ во која беа вклучени АТП, ВТА, четирите гранд-слем турнири и Меѓународната тениска федерација ИТФ во обид да се насочи управувањето со спортот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

