Алкараз ги промени плановите пред Вимблдон

Светскиот тенисер број еден Карлос Алкараз го корегираше планот за подготовка за претстојниот Вимблдон кој почнува на 3. јули.

Шпанецот го освои Квинс со победата над Алекс де Минор, но во таа пресметка имаше проблеми со повреда на десната нога. Помеѓу двата сета, му беше укажана помош.

Заедно со својот тим, пред се физиотерапевтот Хуан Морено, донесе одлука да го намали интензитетот пред лондонскиот гранд-слем.

Алкараз ќе има егзибициски настап во Харлингем, но натпреварот против Холгер Рун во среда најверојатно ќе биде откажан. Засега дуелот против Доминик Тием во петок ќе се одигра според планираното.

Се вчитува...