Искусниот англиски стратег Рој Хоџсон и следната сезона ќе биде менаџер на Кристал Палас. Искусниот стручњак моментално е на одмор и се очекува да го потпише договорот кога ќе се врати.
Хоџсон повторно го презеде Палас во март, по отпуштањето на Патрик Виеира, и го задржа тимот во Премиер-лигата откако освои 18 поени во десетте натпревари по неговото доаѓање, а Палас на крајот заврши како единаесетти.
Од 2017 до 2021 година, Хоџсон веќе раководеше со Палас, потоа беше на чело на Ватфорд, со кој испадна во Чемпионшип.
Во својата повеќе од 45-годишна кариера ги водеше Интер, Блекбурн, Фулам, Ливерпул, ВБА…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

