Пелистер ги дозна противниците: Големите Кил, Кјелце, ПСЖ доаѓаат во Битола

Ракометниот шампион на Македонија Еурофарм Пелистер ги доби противниците за новата сезона во Лигата на шампионите. Македонскиот првак се најде во групата А заедно со Кил, Кјелце, Пик Сегед, ПСЖ, Алборг, ППД Загреб и Колштад.

Јасно е дека групата е исклучително тешка, ако се знае дека покрај моќните ПСЖ, Кил и Киелце, раководството на Алборг веќе неколку години создава дрим-тим во Данска, а Колштад од летово го прави истото во Норвешка, носејќи го пред се Сандер Сагосен од Кил.

Новата сезона во Лигата на Шампионите ќе стартува на 12/13 септември.

ГРУПА А: 

Кил

Кјелце

Пик Сегед

ПСЖ

Алборг

Еурофарм Пелистер

ППД Загреб

Колштад

ГРУПА Б: 

Барселона

Висла Плоцк

Веспрем

Магдебург

Монпелје

ГОГ Гудме

Порто

Целје

Се вчитува...