Познат распоредот: Битола ќе „гори“ на 12 септември, Загреб доаѓа во првото коло од Лигата на Шампионите

Еурофарм Пелистер ќе ја отвори новата сезона во Лигата на Шампионите со домашен натпревар против Загреб, утврди ЕХФ со објавувањето на официјалниот распоред за групната фаза од ЛШ.

Битолчани по долги години повторно ќе бидат дел од елитното европско натпреварување, а ваквата ждрепка им овозможува со добра игра и бодрени од верните навивачи камбекот да го одбележат и со голем триумф. Веќе во второто коло Еурофарм го очекува тешко гостување во Полска против Киелце, а пред крајот на месец септември во Битола се очекува да пристигне и големиот Кил.

Последниот меч од 2023 година „пелистерци“ ќе го играат на домашен терен со норвешки Колстад, а потоа во првото коло од продолжението од Лигата на Шампионите, во февруари 2024 година во Битола ќе пристигне и ПСЖ предводен од Раул Гонзалес.

 

Група А
13/14.09.2023 – Еурофарм Пелистер – ППД Загреб
20/21.09.2023 – Киелце – Еурофарм Пелистер
28/29.09.2023 – Еурофарм Пелистер – Кил
11/12.10.2023 – ПСЖ – Еурофарм Пелистер
18/19.10.2023 – Колштад – Еурофарм Пелистер
25/26.10.2023 – Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед
15.16.11.2023 – Алборг – Еурофарм Пелистер
22/23.11.2023 – Еурофарм Пелистер – Алборг
29/30.11.2023 – ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер
06/07.12.2023 – Еурофарм Пелистер – Колштад
14/15.02.2024 – Еурофарм Пелистер – ПСЖ
21/22.02.2024 – Кил – Еурофарм Пелистер
27/28.02.2024 – Еурофарм Пелистер – Киелце
06/07.03.2024 – ППД Загреб – Еурофарм Пелистер

Се вчитува...