Барселона им наредила на двајца фудбалери да заминат, но тие одбиле

Поради незадоволство поради однесувањето, Барселона им наредило на двајца играчи да го напуштат клубот, затоа што не се во плановите за следната сезона.

Барселона го потврди довчерашниот капитен на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, а набрзо ќе го потпише и Иниго Мартинез. Сепак, двајцата не може да бидат регистрирани додека не се ослободат од неколку играчи.

Како што наведуваат шпанските медиуми, двајца играчи одбиле да си заминат, а станува збор за Ансу Фати и Феран Торес. Чави на двајцата им соопштил дека не смета на нив и дека може да си заминат, но тие одбиваат да го напуштат „Ноу Камп“.

Еден од оние кои ќе заминат е Франк Кеси, кој ја прифатил одлуката дека е „вишок“ во Барселона. Шпанскиот првак мака мачи како да обезбеди услови за регистрација на нови играчи.

Се вчитува...