Трагедија во Мајами: Се удави поранешен играч на НФЛ

Поранешниот квортербек Рајан Малет, почина на 35-годишна возраст откако се удави додека пливаше на годишен одмор во Мајами, јавуваат медиумите во САД. Малет со брза помош бил пренесен во болница, но почина пред да стигне таму. Наводно фатални за него биле морските струи кои го повлекле од крајбрежјето.

Малет во НФЛ мина шест години. Во третата рунда на драфтот во 2011 година го одбраа Патриотс, а во една од најуспешните франшизи во историјата две години беше резерва на легендарниот Том Брејди.

Играчката кариера ја заврши во 2017 година како играч на Балтимор Равенс. Во седум години во најсилната лига одигра 21 натпревар, а како стартер има три победи и пет порази.

Се вчитува...