Американскиот кошаркар Најџел Вилијамс-Гос се врати во Олимпијакос, за кој потпиша двегодишен договор. Овој кошаркар се врати во клубот во кој беше во сезоната 2018/19, а потоа замина во НБА Лигата.
Некогаш играше и за Партизан, а во главниот град на Грција стигна како слободен играч, откако претходно го раскина договорот со Реал Мадрид, со кој во мај ја освои Евролигата, победувајќи го во финалето токму Олимпијакос.
Тој е второ засилување за Олимпијакос, кој пред неколку дена го врати и српскиот центар Никола Милутинов.
Kalimera! ☀️☕️😎
Mood and Song of the Day! ☺️🔜#OlympiacosBC #WeAreOlympiacos #TogetherWeFight pic.twitter.com/eiTGrj3oNS
— OLYMPIACOS BC (@Olympiacos_BC) June 28, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА