Најтрофејниот македонски клуб Работнички по неколку години пауза се враќа на европската сцена, откако управата реши да аплицира за учество во ФИБА Европа Куп.
Центарци денеска, на последниот ден од рокот на ФИБА, ќе ја поднесат апликацијата преку КФСМ, со што и официјално ќе бидат дел од ждрепката за ова европско натпреварување.
Работнички се консолидираше на финансиски план, а овој потег на управата е уште еден чекор напред за Работнички како на домашната така и на меѓународната сцена.
Претходно ТФТ аплицираше за учество на ФИБА Лигата на шампионите, но оваа апликација не беше прифатена од ФИБА која вчера ги објави учесниците во ова натпреварување, а македонскиот тим не се најде на списокот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА