Наполи по цели 33 години успеа да дојде до Скудетото. Дел благодарение на извонредното водење од страна на Лучијано Спалети, кој неочекувано на крајот од сезоната одлучи дека треба да замине од клубот и покрај спротивставувањето од страна на сопственикот и раководството на наполитанците.
Сега, само неколку недели по гламурозното славје во Неапол, Спалети е фотографиран во помалку чудна позиција, со мобилен телефон во рака, капа на главата и шорц на Наполи со очигледна желба да го сокрие во јавност својот идентитет.
А, коментарите на социјалните мрежи се дека Спалети се уште го чека повикот од Де Лаурентис кој уште не искажал целосна почит за него и честитки за Скудетото.
Де Лаурентис важи за еден од најконтроверзните клупски претседатели за кого се тврди дека воопшто нема срце поради што и Спалети одлучил на таков начин да замине од клубот, и тоа како вистински херој по освоена титула.
Наполи за нов тренер го именуваше Руди Гарсија, додека Спалети се одлучи да си подари на самиот себе една сезона одмор иако негови блиски тврдат дека во мислите се уште му е само Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА