Ниту Фенербахче, ниту Јунајтед: Ливаковиќ на крај во Фиорентина!?

Голманот на хрватската репрезентација Доминик Ливаковиќ на крај ќе ја продолжи најверојатно во редовите на Фиорентина, пренесува „Гезета дело спорт“.

Долго време се шпекулираше дека Ливаковиќ е веќе договорен со Фенербахче, потоа се појавија и Виљареал и Манчестер јунајтед како опција, за да сега Италијанците тврдат дека ќе биде засилување за Фиорентина со оглед на тоа што е „лесно достапен“ за сума од само 10 милиони евра.

28-годишниот Ливаковиќ на „Максимир“ во Динамо Загреб пристигна уште со само 17 години од Задар, изгради вистинска кариера и име во Загреб, а сега е време за негов трансфер.

Се вчитува...