Тенисерката која жестоко го критикуваше Ѓоковиќ и неговите навивачи, сега се забавува со Новак пред Вимблдон (ВИДЕО)

Украинската тенисерка Марта Костјук во минатото го критикуваше Новак Ѓоковиќ и неговиот татко Срѓан, на темите поврзани со војната во нејзината земја и нападите од Русија.

„Колегите мора да разберат што се случува во Украина. Погледнете што зборуваат Ѓоковиќ и Надал. Како да добиете поддршка после такви изјави“ – се прашуваше 20-годишната Костјук пред неколку месеци издвојувајќи го и однесувањето на Срѓан Ѓоковиќ кој на Австралија Опен беше снимен со навивачите со руско знаме.

Сега, Костјук е снимена во друштво на Новак Ѓоковиќ. На официјалниот профил на Вимблдон е објавена снимка на која Марта се забавува со Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ и членови на неговиот тим.

По овие снимки дел од јавноста потсетува колку Марта беше критички настроена кон Ѓоковиќ, па дури и за време на неодамнешниот Ролан Гарос.

„Што и да кажам ќе ме мрзат до крајот на животот, посебно навивачите на Ѓоковиќ кои се многу агресивни. Луѓето тоа веќе го знаат, не сите, но многу од навивачите на Ѓоковиќ се агресивни и тоа јас сам лично сум го почувствувала“ – рече Костјук по завршувањето на Ролан Гарос кога одби да и пружи рака на белоруската тенисерка Арина Сабаленка.

Се вчитува...