Матијас Лесор по година и пол поминати во Партизан се сели во Панатинаикос каде доби милионски договор. Францускиот центар кој се наметна како миленик на навивачите емотивно се збогуваше со „црно-белите“.
Французинот на социјалните мрежи објави порака во која се заблагодари на тимот и навивачите, а додаде и дека до крајот на животот ќе биде „Гробар“.
„Година и пол не играв за Партизан, живеев за Партизан! Благодарам на Партизан што веруваше во мене и што ми даде шанса. Ќе ми недостасува тимот, соиграчите, стручниот штаб. Оваа сезона беше навистина посебна и ќе ја помнам до крајот на животот.
Гробари, засекогаш ќе ми бидете во срцето. Ви благодарам што ме прифативте, ми го променивте животот, благодарам што имавте такво влијание на мене и моето семејство. Ќе носам друг дрес другата сезона, но до крајот на животот ќе бидат Гробар. Ви благодарам за се фамилијо“, напиша Лесор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА