Нова казна: Мурињо го пропушта и стартот на сезоната во Калчо-лигата

Жозе Мурињо беше казнет со четири меча суспензија од страна на УЕФА поради конфликтот со судијата Ентони Тејлор во финалето од Лигата на Европа, а тренерот на Рома сега доби казна за сличен инцидент и во италијанскиот шампионат

Португалецот влезе во отворен конфликт со тренерот Кифи по дуелот со Монца што се одигра на 3 мај, по мечот изјавувајќи: Ова беше најлошиот судија што сум го видел во кариерата. Сум видел многу лоши судии, но овој е ужасен – нема никаква човечност, не покажува емпатија кон фудбалерите на теренот, му покажа црвен картон на играч што се лизна бидејќи беше изморен во 96. минута“.

Токму за ваквите коментари Мурињо доби казна од десет дена што ќе почне да важи од првиот ден од стартот на сезоната 2023/24, што практично значи дека португалскиот стручњак нема да може да го води својот тим најмалку на еден од почетните натпревари во новиот шампионат од Серија А.

Покрај тоа, Жозе ќе треба да плати и парична казна од 50.000 евра, колку што беше изречена и на тимот на Рома.

Се вчитува...