Засилувањето на Јувентус слета во Торино… лекарски прегледи, па потпис

Јувентус во текот на утрешниот ден ќе го комплетира првиот летен трансфер за наредната сезона, откако Тимоти Веа попладнево слета во Торино на лекарски прегледи и потпис со „старата дама“.

Тимоти е син на легендарниот голгетер Жорж Веа, поранешниот ас на Милан и ПСЖ, но барем засега не успева да тргне по стапките на легендарниот татко. Веа настапува за селекцијата на САД, каде не е стандарден првотимец, што се должи пред се на фактот дека не добиваше преголема минутажа ниту во дресот на Лил.

Францускиот тим поради тоа и даде зелено светло за трансфер, прифаќајќи ја понудата на Јувентус од вкупно 12 милиони евра плус бонуси.

 

Се вчитува...