На почетокот на вторито натпреварувачки ден од турнирот во Гевгелија, нашиот национален машки состав „Под 18“ години играше против соодветната селекција на Црна Гора. Во доста изедначен меч, со голме број на промени на водството, по 40.минути игра како победник излезе репрезентацијата на Македонија.
Иванов со 19 поени беше најефикасен во нашиот табор, додека Шошкиќ уфрли 12 поени. Кај поразените Судар заврши со 16 поени.
Утре попладне, во истиот термин, од 17 часот, Македонија игра против репрезентацијата на Израел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА