ОФИЦИЈАЛНО: Тата Мартино е нов тренер на Интер Мајами

Како што беше најавувано во светските медиуми, аргентинскиот стратег Тата Мартино ќе биде нов предводник на МЛС тимот на Интер Мајами.

По доаѓањето на најдобриот фудбалер во историјата Лионел Андрес Лео Меси на Флорида, се шпекулираше дека неговиот добар пријател Мартино ќе биде новото тренерско име во клубот на Дејвид Бекам.

Мартино седнува на клупата на Мајами, а за него ова ќе биде трета соработка со Лионел Андрес Лео Меси, откако претходно соработуваат во репрезентацијата на Аргентина и во Барселона.

Се вчитува...