Егзодусот од таборот на Барселона продолжи и во текот на денешниот ден, откако Кајл Кјурик си замина од каталонскиот гигант и реши да се врати назад во редовите на Зенит.
Одличниот шутер минатата сезона имаше значително намалена минутажа, што придонесе да паднат и неговите бројки, па во Евролигата имаше прескромни пет поени по натпревар, иако шутираше од далечина со 43,6‚ прецизност. Кјурик имаше неколку понуди на маса, но ја избра онаа на Зенит, клуб за кој настапувааше во езоната 2017/18. Тој се враќа во Русија на барање на тренерот Чави Пасквал, со кого имаше успешна соработка и во дресот на Барселона.
Само за потсетување, Барса го отпушти тренерот Јасикевичиус, веќе си замина и ветеранот Кори Хигинс, а Никола Миротиќ исто така ќе ги смени клупските бои, но поранешната НБА-ѕвезда инсистира на целосна исплата поради превремениот раскин на договорот со каталонскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА