Џејми Варди уште еднаш ја покажа на дело лојалноста кон Лестер, откако искусниот 36-годишен голгетер одби богата понуда од Саудиска Арабија. Иако тоа му претставуваше последна шанса за одлична заработка пред да ја заврши кареирата, англискиот ветеран јасно ставил до знаење дека нема намера да замине од клубот во кој ги мина најдобрите денови во кариерата.
Имено, тој е решен да остане и да му помогне на Лестер експресно да се врати назад во Премиер-лигата, откако „лисиците“ неочекувано испаднаа во Чемпионшип-дивизијата. Медисон беше продаден во Тотенхем, Тилеманс и Сојунчу си заминаа како слободни фудбалери, но Варди нема намера да ги следи нивните стапки, туку е решен да биде дел од тимот и во наредната сезона.
Лестер го именуваше Енцо Мареска за нов менаџер, а нема сомнеж дека италијанскиот стратег ќе гледа на Варди како на прва опција во нападот за наредната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

