И Јанис под знак прашалник за Мундобаскетот

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Јанис Адетокумбо би можел да го пропушти претстојното Светско првенство кое од крајот на август се одржува во Јапонија, Филипини и Индонезија.

Како што пишуваат грчките медиуми, асот на Милвоки Бакс и двократниот МВП на најсилната кошаркарска лига во светот се бори со повреда на ногата и поради ова големи се шансите да го пропушти претстојниот Мундобаксет.

Најголем проблем секако се Бакс, кои не сакаат ништо да ризикуваат и нема да му дадат зелено светло на својот играч да игра за репрезентацијата доколку не е 100 отсто подготвен.

Доколку Јанис не игра, тоа би било голем удар за амбициите на Грција. Уште претходно беше објавено дека Светското првенство ќе го пропушти и Костас Слукас. Грција е во групата Ц со САД, Јордан и Нов Зеланд.

Се вчитува...