„Ѓоковиќ сака да биде нешто што не е“

Поранешниот дански тенисер и освојувач на Вимблдон во игра на двојки во 2012 година Фредерик Нилсен, отворено во интервју за медиумите од Данска зборуваше за еден од најдобрите тенисери на сите времиња Новак Ѓоковиќ.

Данецот вели дека според него, Ѓоковиќ не секогаш го кажува она што го мисли.

„Малку сум разочаран од Ѓоковиќ. Ги почитувам неговите резултати, но мислам дека сака да се претстави во јавноста како поинаков отколку што е всушност. Тој сака да биде она што не е. Тоа не му треба и верувам дека би го претпочитале да биде поискрен во своето претставување пред јавноста“, изјави Нилсен. 

Се вчитува...