Пропадна српско-хрватската трампа на италијанските прволигаши

Анте Ребиќ ова лето заминува од редовите на Милан каде за него повеќе нема место, но следната дестинација останува под знак прашалник. Поготово откако пропадна трампата во која Хрватот требаше да биде заменет за Србин.

Станува збор за договор помеѓу Милан и Фиорентина кој на „Сан Сиро“ ќе го донесеше српскиот репрезентативец Лука Јовиќ, а Ребиќ да замине во правец на Фиренца.

Според информациите на италијанските медиуми договорот пропаднал поради неможноста клубовите да ги договорат личните услови со фудбалерите и покрај подадената рака помеѓу италијанските прволигаши.

Се вчитува...