Кевин Пантер испишува историја со Партизан

Кевин Пантер го имаше последниот збор во трансфер гласините и одлучи да остане во редовите на Партизан каде настапува веќе две сезони. Американецот потпиша нов двогодишен договор кој може да донесе и историја кога станува збор за белградскиот гигант.

Влегувајќи во сезоната 2023/24 Пантер ќе биде четвртиот вкупно, а само вториот Американец по Маркус Пејџ кој останал во редовите на „црно-белите“ повеќе од две сезони. Останатите два кошаркари се Чехот Јан Весели и Летонецот Давис Бертанс кои подоцна го најдоа својот пат до НБА лигата.

Доколку го комплетира договорот носејќи го „црно-белите“ дрес и во сезоната 2024/25, Пантер ќе испише историја како единствен кому му поминало тоа од рака во речиси 77 годишната клупска историја.

 

Се вчитува...