Утре е денот „Д“ за Килијан Мбапе. Фудбалерот и ПСЖ седнуваат на иста маса, каде ќе се одлучува иднината на напаѓачот, односно дали ќе остане, или и дефинитивно ова лето ќе има нов клуб.
Раководството на ПСЖ го повикал Мбапе на состанок во текот на утрешниот ден. На маса ќе биде продолжување на договорот за нови две години соработка, и ветување дека ќе биде пуштен идното лето доколку за него стигне некоја богата понуда.
Ако Мбапе ја одбие оваа понуда, ПСЖ ќе го продаде. Ќе му биде соопштено дека може да си замине за сума од 200 милиони евра.
Но, таа сума ќе ја платат само одреден број на клубови. Еден од нив е Реал Мадрид, а во последно време се шпекулира и со интерес од Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА