Конечно заврши сагата околу Брозовиќ: Оди кај Роналдо во Ал Наср!

Конечно заврши сагата околу хрватскиот репрезентативец Марсело Брзовиќ кој кариерата ја продолжува во тимот на Ал Наср заедно со Кристијано Роналдо.

Брозовиќ се договорил за тригодишен договор со Ал Наср, а останува уште потпишување на договор и лекарските прегледи во петок пред официјално да се реализира трансферот во тимот од Саудиска Арабија. Интер уште од претходно прифати отштета од 23 милиони евра, од кои 10% или 2,3 милиони евра одат кај Динамо Загреб.

Со денови траеше трансфер-сагата за фудбалерот од средниот ред кој во изминатите осум и пол години настапуваше 330 пати за „нераѕурите“, со постигнати 31 гол.

30-годишниот Брозовиќ беше мета и на Барселона, но финансиски не можеше да парира на многу побогатите Арапи. Откако Брозовиќ ја одби првата понуда, па на крајот Марсело беше тој кој ги диктираше условите и се договори да заработи 100 милиони евра за три години и на тој начин да стане најскапиот, во моментов, хрватски фудбалер!

Се вчитува...