Кошаркарот на Филаделфија, Џејмс Харден наскоро би можел да ја промени клупската средина.
Поранешниот МВП прифати опција за наредната сезона вредна 35,6 милиони долари, но воедно побара и барање за трејд.
Веста ја потврди и НБА инсајдерот Адријан Војнаровски кој истакна дека кошаркарот заедно со раководството на Филаделфија соработуваат за пронаоѓање нов клуб за него.
Како што наведуват, моментално во пол-позиција за ангажман на Харден се ЛА Клиперс и Њујорк никс, а во овој момент заминувањето во Калифорнија е пореална опција за него. Тамо би можел да формира уште еден „супертим“ заедно со Каваи Ленард и Пол Џорџ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

