Фирмино ќе игра со Алиоски во следната сезона?

Довчерашниот фудбалер на Ливерпул, Роберто Фирмино својата кариера ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, и тоа многу лесно може да се случи како соиграч на македонскиот репрезентативец Ал Ахли.

Според последните информации Фирмино ги договорил сите услови за трансфер во Ал Ахли. Се очекуваат лекарските прегледи пред официјализирање на трансферот. Фирмино се очекува да потпише тригодишен договор до јуни 2026 година.

Алиоски се уште е под договор со Ал Ахли. Тој ја мина ланската сезона на позајмица во Фенербахче, но Ал Ахли во меѓувреме се врати во Првата лига на Саудиска Арабија, по што македонскиот репрезентативец би можел да остане уште најмалку една сезона во овој клуб.

Се вчитува...