Европскиот шампион Манчестер сити повторно се соочува со обвиненија за финансиски малверзации. Островските медиуми пренесуваат дека во извештајот на УЕФА од 2020 година се наведува дека клубот добил две транши од по 15 милиони евра од непозната личност од Абу Даби.
Финансиското контролно тело на УЕФА заклучило дека уплатата, која стигнала наводно од фирмата Етисалат од ОАЕ, всушност претставува „прикриено финансирање“ и дека парите се од сопствениците на Сити од Абу Даби, што е кршење на правилата на УЕФА.
Сити и од претходно е обвинет за кршење на финансискиот фер-плеј во период од 2012 до 2016 година, а имаше и двегодишна забрана за натпреварување во Лигата на шампионите. Сепак, после жалбата на Судот за спортска арбитража, казната беше преиначена, па место 30 милиони, клубот плати 10 милиони евра.
„Граѓаните“ се обвинуваат и затоа што во периодот од 2009 до 2018 година криеле точни финансиски информации поврзани со приходите на клубот и оперативните трошоци, како и криење на менаџерските провизии за период од четири години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА