Хрватските фудбалски репрезентативци Лука Модриќ и Дејан Ловрен се соочени со обвиненија пред судот во Осијек за својата инволвираност во судските процеси кои се водеа против Здравко и Зоран Мамиќ.
Модриќ и Ловрен се обвинети за давање лажни искази пред судот во обид за заштита на Здравко Мамиќ, кој се уште се наоѓа во БиХ каде ја избегнува затворската казна во Хрватска. За време на истрагата, Модриќ и Ловрен најпрво ги потврдиле наводите на истражителите дека членовите на кланот Мамиќ нелегално повлекувале пари од сметката на Динамо. Но, изненадувачки го променија својот став за време на судењето. Модриќ тврдел дека не ги разбрал добро прашањата на истражителите, додека Ловрен го објаснил поинаквиот став со приватни проблеми, односно операцијата на ќерката која била изведена истиот ден кога бил одведен во станица за да го каже својот став за обвинението.
Фудбалските ѕвезди сега ќе одговараат дека намерно ги промениле исказите за да ги заштитат обвинетите. За вакво обвинение затворската казна е во висина од шест месеци до пет години.
Па, по сето ова дел од хрватските медиуми покрена дебата дали Лука Модриќ треба да биде исфрлен од репрезентација се додека не заврши судскиот процес. Иако, јасно е дека повеќето спортски вљубеници го делат мислењето дека треба да се запази пресумпцијата на невиност.
Дејан Ловрен, пак, како што е познато веќе се збогуваше од националниот дрес по настапот на Светското првенство во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА