Бутел продолжува со ангажманот на нови ракометари откако скопскиот суперлигаш утрово го комплетираше трансферот на Марко Стојанов, кој ја заврши ланската сезона како еден од најдобрите стрелци во Првата лига.
Струмичанецот кој потекнува од Астраион и досега настапуваше само за матичниот клуб игра на левата бековска позиција. Стојанов (185/72) има 19 години и со Бутел Скопје се обврза на соработка на три сезони.
Претходно „бутелци“ го ангажираа тренерот Горан Кузманоски, а беа и потпишани нови договори со Димитар Ѓоргиевски, Бојан Блажески и со Кристијан Давитковски.
Нови играчи во Бутел покрај Стојанов се левиот бек Лука Иваниќ, десното крило Дамјан Георгиев и голманот Александар Стојаноски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА