„Победуваме 5-0, а Роналдо беше бесен и фрлаше копачки во соблекувалната“

Поранешниот велшки фудбалер Герет Бејл, зборуваше за својот однос со Криситјано Роналдо, во периодот додека заедно играа во дресот на Реал Мадрид.

Навивачите често го исмејуваа Велшанецот, но тој имаше импресивна кариера. Се прослави во дресот на Тотенхем, а потоа со Реал Мадрид, кој го плати 101 милион евра, успеа да освои три шпански првенства и дури пет титули во Лигата на шампионите.

Открива дека со Роналдо бил во супер односи, но и дека имало чудни потези од страна на Португалецот, особено кога немало да постигне гол.

„Беше добар, но имаше свои мигови. Победуваме 5-0, а тој не постигна ниту еден гол, па кога дојде во соблекувалната фрлаше, се лутеше. Кристијано беше фудбалер со силен менталитет. Никогаш со него сум немал проблеми“, кажа Бејл.

Се вчитува...