Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку нема да оди на нова позајмица. Челси планира или да го продаде, или да го задржи, а тоа ќе зависи најмногу од Маурисио Покетино дали ќе смета или не на Белгиецот.
Лукаку по успешната сезона во Интер, во 2021 година се врати во Челси, но по една сезона беше испратен на позајмица повторно на „Џузепе Меаца“. Неговата желба е да игра и натаму во Интер, но сега италијанскиот тим ќе мора да го откупи.
Покетино ќе се обиде да го интегрира во првиот тим. Неговиот план е да игра тој со Нкунку, но доколку не се вклопи, тогаш лесно ќе биде продаден, а Челси ќе посегне по ново решение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА