Квадрадо по осум години го напушти Јувентус

Колумбиецот Хуан Квадрадо повеќе не е играч на Јувентус, објавија од италијанскиот клуб. Квадрадо, кој има 35 години во моментов е слободен играч.

Тој беше во Јувентус од 2015 година, прво како позајмен играч од Челси, а потоа „Старата дама“ го откупи неговиот договор во 2017 година.

За торинскиот клуб одигра вкупно 314 натпревари и постигна 26 голови. Учествуваше во освојувањето на пет титули во Серија А.

Се вчитува...