Нова пол-позиција за Ферстапен, нова бламажа за Перез

Актуелниот шампион Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата на трката за големата награда на Австрија која се вози на патеката „Ред бул ринг“.

Друштво од првиот ред ќе му прави возачот на Ферари Шарл Леклер. Неговиот клупски колега Карлос Сајнц заврши на третата позиција, додека во вториот ред се најде и Ландо Норис во Мекларен.

Во топ 10 уште се наоѓаат и: Хамилтон, Строл, Алонсо, Хулкенберг, Гасли и Албон.

Најголем губитник на денешните квалификации е возачот на Ред Бул, Серхио Перез на кого му беше отфрлен кругот во вторите квалификации по кои на крајот заврши како шеснаесетти. Исто така и Џорџ Расел не ги помина вторите квалификации па утре ќе стартува како 11. на спринт трката.

Трката за големата награда на Австрија е закажана за во недела.

Се вчитува...