Интер е на добар пат да остане без договорениот трансфер откако Цезар Азпиликуета во последен момент се премисли и сега наместо во Милано, сака да се пресели назад во Шпанија.
Искусниот одбранбен фудбалер игра надвор од татковината уште од 201о година, кога од Осасуна се пресели во Олимпик Марсеј, од каде две години подоцна потпиша за Челси. Тој веќе издејствува да добие раскин на договорот со лондонскиот клуб иако требаше да остане уште една година во Челси, по што се чинеше дека Интер ќе биде негова следна дестинација во кариерата.
Сепак, ситуацијата се промени откако во трката се вклучи Атлетико Мадрид. Диего Симеоне лично разговарал со Азпиликуета и му ветил значајна минутажа, а сериозен придонес во конечната одлука ќе има и семејството на ветеранот, кое инсистира на враќање назад во Шпанија наместо на нова меѓународна авантура. Извори блиски до фудбалерот тврдат дека тој сега се наоѓа пред потпис со Атлетико, а комплетирањето на трансферот може да се очекува во наредните 48 часа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА