Барселона раскина со Умтити

Жоан Лапорта заврши уште една значајна работа за намалување на буџетот за плати на Барселона откако првиот човек на каталонскиот клуб договори раскин на соработката со Самуел Умтити.

Францускиот репрезентативец имаше договор со Барса до 2026 годниа, период во кој требаше да заработи 20 милиони евра, но каталонците постигнаа согласност со Умтити тој да потпише раскин. Не е позната сумата што Лапорта ќе му ја исплати на дефанзивецот за овој гест, но како што наведуваат каталонските медиуми – најважно е што Умтити веќе не се наоѓа на листата со буџет за плати, отворајќи простор за нови засилувања.

Овој фудбалер пристигна во Барса во 2016 година најавуван како идеален партнер за Жерар Пике, но никогаш не ги оправда целосно очекувањата. Тој ја мина ланската сезона на позајмица во италијанскиот прволигаш Лече, на кој му помогна да опстане во Серија А.

Севкупно, Умтити настапи на 133 натпревари во дресот на Барселона, освојувајќи две титули во Ла Лига (2018 и 2019), три трофеи во Копа дел реј (2017, 2018 и 2021) како и два пехара во Суперкупот на Шпанија (2016 и 2018).

Се вчитува...