Де Геа стана слободен играч

Долгогодишниот голман на Манчестер Јунајтед, и во многу ситуации спасител на тимот, Давид Де Геа стана слободен играч откако двете страни не успеаја да се договорат околу продолжување на соработката. Сепак, не мора да значи дека Шпанецот и дефинитивно ќе го напушти клубот, со оглед дека може да има нова рунда на преговори, но факт е дека Јунајтед веќе му бара замена.

Де Геа викендов ќе прави свадба, а потоа се очекува да седне уште еднаш со челниците на Јунајтед, ако може да се продолжи договорот.

На неколку пати Де Геа го вадеше Јунајтед, меѓутоа правеше и големи грешки. Ерик Тен Хаг не отстапува од намерата да го ангажира поранешниот голман на Ајакс, Андре Онана со кого работеше во времето кога го предводеше холандскиот тим.

Се вчитува...