Буфон размислува да каже крај

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, размислува да стави крај на својата богата кариера. Легендата на италијанскиот фудбал ќе донесе конечна одлука во рок од неколку дена. Исто така има опција да остане во Парма, или да се пресели во Саудиска Арабија.

Минатата сезона 45-годишниот голман настапни на 19 натпревари во сите натпреварувања, и прими 24 гола и пет пати ја сочува мрежата.

Се повреди на бараж мечот против Калјари, каде што Парма беше поразена и така не успеа да го врати во „елитата“.

Се вчитува...