Францускиот репрезентативец Маркус Турам е нов член на милански Интер. Иако пред неколку недели се шпекулираше за негов трансфер во Милан, сепак, тој се реши за во Милано, но во другиот дел.
Турам доаѓа од таборот на Борусија Менхенгладбах, а го сврте вниманието кон себе со добрите настапи на Мундијалот во Катар за француската репрезентација. Турам беше интересен и за неколку други големи клубови.
Тој ќе биде засилување за нападот на Интер, и ќе треба да ја сочинува напаѓачката двојка заедно со Лаутаро Мартинез. Един Џеко си замина од екипата, а на пат е тоа да го стори и Ромело Лукаку, иако Белгиецот може да остане во Интер, доколку успеат преговорите со Челси за перманентен договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА