Саудиска Арабија е на пат да привлече уште една голема ѕвезда. Ријад Махрез веќе ги пакува куферите и се сели во Саудиска Арабија, откако се договори со Ал Ахли. Сега останува уште двата клуба да се договорат, и трансферот да се официјализира.
Саудијците се уверени дека брзо ќе добијат зелено светло за трансферот на Махрез, кој сезонава беше речиси во сенка на другите играчи во Сити. Сега кога Алжирецот веќе освои се што можеше да се освои со Сити, време е за нов предизвик.
Првите преговори наводно пропаднале, со оглед дека Сити не сакал да го пушти својот фубдалер, но сега е прашање дали ќе успее да одолее на милионите од Арабија. Доколку заврши во Ал-Ахли, ќе се приклучи на Менди, сенегалскиот голман кој пред неколку дена се приклучи на тимот.
Ал-Ахли беше заинтересирана и за Модриќ, Рамос, како и за Мурињо за тренер, но сите нивни обиди пропаднаа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

