Наполи ја почна потрагата по нов стопер, кој ќе го замени Ким Мин – Јае кој е пред трансфер во редовите на Баерн Минхен. „Баварците“ за неговите услуги ќе платат на Наполи 50 милиони евра.
Според информациите од италијанските медиуми, Наполи „пикираше“ три имиња за можен наследник на стоперот од Јужна Кореја. Имињата кои се споменуваат се Ибрахима Конате од Ливерпул, потоа Макс Килман од Вулверхемптон и Робин Кох од Лидс.
Тоа се единствените тројца кои во моментов се споменуваат како алтернативи за Ким. Исто така се споменуваше и стоперот на Реал Сосеидад, Робин Лео Норман, но тој е прескап за италијанскиот шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

