Екс фудбалер на Манчестер Јунајтед објави пензија на 33 години

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Том Клеверли донесе одлука да се повлече од фудбалот на 33-годишна возраст поради тшката повреда. Од 2017 година играчот од средниот ред игра за Ватфорд.

Клеверли е дете на Јунајтед, и беше во клубот од 2000 до 2015 година. Во овој период беше и на позајмица во Лестер, Ватфорд, Виган и Астон Вила.

Клеверли во 2013 година ја освои Премиерлигата, и Супер-Купот во 2011 и во 2013 година. Во Премиерлигата одигра 242 натпревари, и постигна 15 голови. За репрезентацијата на Англија има одиграно 13 натпревари.

Се вчитува...