Играчот од средниот ред на Шпанија, Сеск Фабрегас се реши да се откаже од професионалниот фудбал. Негов последен клуб беше Комо, со што се одлучи да се повлече од играето фудбал.
Најголем белег Фабрегас остави во дресот на Арсенал, каде настапуваше од 2003 до 2011 година, и беше дел од онаа генерација која без пораз го освои трофејот во Премиерлигата.
Потоа се врати во Барселона, па повторно во Премиерлигата, во Челси, од каде се сели во Монако. За Шпанија одигра 110 натпревари, освојувајќи ги пехарите во Светското и во Европското првенство. Единствен трофеј кој му недостасува во колекцијата е во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

