Двократниот МВП на Евролигата Василије Мициќ, се сели во НБА Лигата, во тимот на Оклахома. Ова го пренесува експертот за НБА трансфери, Адријан Волнаровски.
Играчот на Ефес, кој во 2022 и 2021 година беше прогласуван за најкорисен играч во Евролигата, ќе потпише договор со кој ќе заработи 23 милиони долари за три години.
Српскиот кошаркар во 2014 година беше 52-ри пик на драфтот. Оклахома ги презеде правата за Мициќ на драфтот од Филаделфија во 2020 година во трејд за Ал Хорфорд.
Мициќ во кариерата играше за Мега, Баерн, Црвена Звезда, Тофаш, Жалгирис и Ефес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

