Првата понуда од страна на Манчестер Јунајтед за данскиот напаѓач Расмус Хојлунд е одбиена од Аталанта, тврди „Кориере дело Спорт“. Веројатно понудата била 35 милиони евра, но е многу помалку од сумата која тимот од Бергамо ја бара за голгетерот.
20-годишниот напаѓач е еден од најбараните навивачи откако имаше одлична прва сезона во Италија со постигнати 16 голови од 42 меча.
Друг тим кој се интересира за неговите услуги е Јувентус, но само под услов да го продадат Душан Влаховиќ. Доколку тоа се случи, тогаш тимот од Торино ќе оди на преговори за Данецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА